Пред пописот расте бројот на заразени – засега не се размислува за одложување

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Иако има зголемен број на заразени со корона вирус, сега за сега Комисијата за заразни болести не размислува за одложување на пописот на населението.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски пред неколку дена потврди дека пописот може да се прекине доколку Комисијата за заразни болести побара такво нешто.

Сега останува да се види дали со усвојување на полицискиот час ќе се ублажи состојбата. По се изгледа ова ќе биде одлучувачко за пописот во земјава. Во Северна Македонија пописот ќе започне на 1 април, а веќе 8 дена тече самопопишувањето на дијаспората преку онлајн апликацијата.

При престојот во Рим, министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска се сретнал со иселениците и претставници на здруженија во Италија кои како што напиша,ги поканил на масовна мобилизација и заедно да ја проследат информацијата до граѓаните надвор од земјава за важноста на пописот.