Пред зградата на бугарскиот претседател има два протеста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Два протеста се одржуваат претпладнево пред претседателството на Бугарија – еден од нив е на приврзаниците на партијата на Бојко Борисов – ГЕРБ, кои бараат оставка од претседателот на Бугарија, Румен Радев и протестираат против промените „заткулисно“ донесени од парламентот во Изборниот законик.

Во исто време, се одржува протест против владата во оставка на Бојко Борисов, јави дописникот на МИА од Софија.

Поддржувачите на ГЕРБ сметаат дека новите правила за гласање им го одземаат правото на глас на илјадници бугарски граѓани и дека отворањето на неограничен број избирачки места е во инженеринг на претседателот Румен Радев со гласовите на трите нови формации во Националното собрание и поддршка на ДПС.

Од другата страна во центарот на Софија, најавена е паралелна акција во одбрана на првиот чекор што го презеде граѓанското општество за елиминирање на „моделот ГЕРБ“. На паралелниот протест учествуваат демонстранти од минатото лето.

Во реонот на протести е зголемено присуството на полицијата.