Преговарачката рамка од ЕК на 3 јуни – првата меѓувладина конференција наесен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На трети јуни Европската комисија ќе ја објави преговарачката рамка со која ќе се дефинира текот опсегот, структурата на клучните услови кои што треба да се прифатат, но и процедурите низ кои што треба да се спроведат преговорите. Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи рече дека преговорите остануваат отворени се додека целосно не се усогласи текстот на договорот. Наесен треба да се одржи и првата меѓувладина конференција која практично значи и официјално почнување на преговорачкиот процес.

„Ние би ја одржале првата меѓувладина конференција во текот на германското претседателство што е исклучително поволна околност за нас и покрај предизивиците што ги има во смисла дека Германија истовремено треба да преговара за буџетот, треба да преговара за последиците од пандемијата и за Брегзит, меѓутоа сепак Германија е силен поддржувач на проширувањето и е добра околност е одржување на првата Меѓувладина конференција во текот на германското претседателство, што според ова очекување би било некаде од септември и декември“, истакна Бујар Османи.

Сепак за најавите на Бугарија дека би можела да не блокира во преговорите Османи вели дека ние треба мудро да се однесуваме за да ги надминеме овие прашања, а истакна и дека Договорот со Бугарија е добра рамка за решавање на проблемите.

„Јас очекувам дека овој период ќе го искористиме за да разговараме и да се обидеме да постигнеме договор во рамки на Договорот за добрососедство што го имаме постигнато. Бидејќи тоа е улогата на Договорот за добрососедски односи да создаде рамка и платформа за решавање на сите проблеми преку комисии и преку различни тела и очекувам ова да го надминеме навремено“, додава Бујар Османи.

Во врска со ова прашање се јавија и од Советот на амбасадори од каде велат:

„Советот на амбасадори и натаму е убеден дека минатото не научи дека треба да бидеме свртени кониднината, без условувања, туку напротив со отворена поддршка како што е заедничката заложба во Договорот и чесните изјави дека треба да ги отпочнеме преговорите и побргу да ги исполниме условите за полноправно членство во Европската унија“, велат од Советот на амбасадори.

Бугарија се закани дека доколку сака Македонија да ги продолжи преговорите за интеграција со Европската унија ќе мора да заборави на постоењето на македонското малцинствово Бугарија и на македонскиот јазик, а да употреба само службен јазик на Северна Македонија.