Португалија ќе биде заинтересирана да ги продолжи напорите на Германија, а Берлин извести дека останува посветен на ова прашање, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за МИА. Тој додава дека ЕУ не може да си го дозволи луксузот и оваа, 2021, да помине исто како 2020, со неуспех во однос на проширувањето. Според него, и Португалија која од 1 јануари го презеде претседавањето со советот на ЕУ, ги има истите мотиви за членство во ЕУ, затоа Димитров се надева дека Португалија да ги ислуша прашањата на Северна Македонија.
Според Димитров ЕУ со неспроведувањето на одлуката за проширување испрати негативен сигнал за сите земји од регионот.
Димитров најави пауза за преговорите со Бугарија, додека кај нашиот сосед кој постави вето, не завршат изборите закажани за 28 март. Димитров рече дека сега е време да се фокусираме на внатрешните реформи. Од друга страна, министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Силва на онлајн брифинг со новинарите изјавил дека почетокот на преговорите со Скопје и Тирана е меѓу приоритетите за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ. Според него, Португалија ќе направи напори да организира прва меѓувладина конференција со Северна Македонија во првата половина од оваа година.
