Прекин на електричната енергија во повеќе населени места

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија денеска информираат дека без електрична енергија ќе останат следниве населени места:

-Во период од 09:30 до 14:30 часот, корисниците од објекти во и околу Градскиот парк (општина Карпош);

– Во период од 07:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул.Саса 18 и Саса 32 во Пинтија (општина Кисела Вода);

– Во период од 08:00 до 11:00 часот, корисниците од Давидово, Миравци, Петрово и Габрово (општина Гевгелија);

– Во период од 08:15 до 12:00 часот, корисниците од дел од Пелинце, Никуљане, Челопек, Алгуња, Муталово, Четирце, Табановце БИП, Гулиновац, Коинце, Граничен премин Пелинце, Гранична полиција Пелинце (општина Старо Нагоричани);

– Во период од 08:00 до 14:30 часот, корисниците од с.Долно Градче, с.Костин Дол, с.Полаки, с.Небојани (општина Кочани);

– Во период од 09:25 до 11:25 часот, корисниците од дел од с.Камењане (на излез кон автопат) (општина Боговиње);

– Во период од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од с.Гргурница (општина Брвеница);- Во период од 10:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с.Гостиражни (општина Прилеп);

– Во период од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од улицата Аџи Мустафа, во делот пресек од Шар Планина до Булевар Туристичка (општина Охрид);

– Во период од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од СТЕНЧЕ: водна пумпа с.Стенче и живинарска фарма на пат за с.Стенче, дел од с.Теново, објекти кои се на наоѓаат на вториот влез во селото кон џамијата, дел од с.Теново, објекти кои се после влезот кон с.Стенче (општина Брвеница);

– Во период од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Абас Емин која се вркрстува со улиците Охридски Биргади, Анасатасија Узунова и Тетовска, маркет Бонида и сите останати објекти во овој дел (општина Охрид);

– Во период од 09:05 до 14:00 часот, корисниците од с.Бистрица, Црешнево, Богомила, Нежилово, Чеплес, нас.Бистрица, Гулевска населба, Ореше, Папрадиште (општина Велес);

– Во период од 09:20 до 14:00 часот, корисниците од СТАРО СЕЛО: сепарација Сурин, ЈАЖИНЦЕ: граничен премин Јажинце, караула Јажинце, Б.П.Јажинце, караула Рогачево, репетитор Рогачево, с.Рогачево, с.Јажинце (општина Јегуновце);

– Во период од 09:30 до 10:30 часот, корисниците од дел од улица Железничка во делот наспроти Словин Билјана, место викано Дебело Поле кај река Грашница и Сушица (општина Охрид);

– Во период од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од улиците: Борис Кидрич, Рајна Соколова и Браќа Хаџитефови (општина Кавадарци);

– Во период од 07:30 до 15:00 часот, корисниците од ул.Партизанска и дел од ул. Моша Пијаде (општина Крива Паланка);