Ниту првиот ден на отворањето на кафулињата не помина без непочитување на протоколот, бидејќи на масите можеше да се забележат по три лица, и покрај препораките да бидат само по две. На една маса можат да седат четири лица само доколку се членови на исто семејството.
Непочитување на протоколот забележале и инспекторите, но не изрекле казни, поради тоа што, како што објасни претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашовска, првите десет дена инспекторите ќе спроведуваат едукативно – информативна акција.
Инспекторите немаат право да им ги проверуваат личните карти на гостите за да видат дали се или не се членови од едно семејство, објасни директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауноски.
Но кога ТВ21 праша дали со отворањето на кафулињата и со непочитувањето на протоколите може да дојде до зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19, реториката на Пауноски стана поостра.
Исто така останува нејасно што подразбира „семејниот“ протокол, тие кои живеат во иста куќа или кои имаат роднинска врска а живеат во различни куќи.
