Премиера на филмот „ЕРА“ во Скопје: Приказна за храброста, љубовта и сеќавањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Филмот „ЕРА“ на режисерката Парта Келменди ќе ја доживее својата македонска премиера во МКЦ – Кино Фросина во четврток, 4 декември 2025 година, во 20:00 часот.

Продукциите Лист Продукција и ТВ21 го најавуваат филмот како „приказна за храброста, љубовта и сеќавањето“ и „филм што зборува за времето, за слободата, за нас“.

Филмот е веќе интернационално признат и беше дел од Официјалната селекција на Brooklyn Film Festival.