Премиерот на Гренланд: Отворени сме за соработка со САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Гренланд Муте Егеде изјави дека данската автономна територија е отворена за поблиски врски со САД, во области како што се рударството, објави гренландската телевизија КНР.

„Мораме да правиме бизнис со САД. Почнавме да започнуваме дијалог и да бараме можности за соработка со Трамп“, рече Егеде на прес-конференција во Гренланд, пренесе Гардијан.

Тој додаде дека територијата ги држи „отворени врати кога станува збор за рударството“.