Во посета на РСМ утре ќе биде премиерот на Косово, Авдулах Хоти. Со почеток во 14:00 часот започнува официјалната посета на делегацијата на Република Косово предводена од премиерот Авдулах Хоти на Република Северна Македонија.
Премиерите Заев и Хоти ќе имаат тет-а-тет средба и официјална средба заедно со делегациите на двете земји, после што ќе следува заедничка прес-конференција, која ќе се одржи во Медија центар со почеток во 15:00 часот.
