Литванскиот премиер Гинтаутас Палукас денес поднесе оставка, принудувајќи ја целата влада да се повлече во согласност со уставот на земјата.
Палукас, во четврток објави дека ќе се повлече од функцијата како одговор на обвинувањата за сомнителни бизнис зделки и судир на интереси, што предизвика јавни протести и повици за негово заминување, вклучително и од еден од неговите двајца коалициски партнери во владата на левиот центар.
Палукас беше критикуван од опозициските партии во балтичката земја поради деловни зделки во кои компанија чиј ко-сопственик бил продавала електрични батерии на друга компанија во сопственост на неговата снаа, во договор финансиран од владина агенција.
Палукас негираше каква било вина.
