Премиерот на средба со претставници на нафтената индустрија во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека состојбата со нафтените деривати во земјава е стабилна и дека нема причина за загриженост кај граѓаните.

Како што соопшти преку објава на социјалните мрежи, тој одржал средба со претставници на нафтената индустрија во државата, на која се разговарало за актуелната состојба со снабдувањето со горива, во контекст на кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија.

Според премиерот, на состанокот било констатирано дека има доволно залихи и дека потребите за нафтени деривати се целосно задоволени.

„Заклучивме дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат“, напиша Мицкоски.

Тој додаде дека институциите и понатаму внимателно ќе ја следат состојбата на пазарот и, доколку биде потребно, ќе се преземат соодветни мерки.