Пресот на Арсовска почна со химната на ВМРО, некој згреши намерно или не?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градот Скопје прес конференцијата одлучил да ја почнат со државната химна, но ја почна со химната на ВМРО-ДПМНЕ. Изгледа некој ја згреши химната, со или без намера.

Данела Арсовска излезе за да ја претстави направената работа за 82 дена, како градоначалничка на Град Скопје. Таа рече дека исчистиле повеќе од 150 диви депонии, но не е лоцирана најголемата депонија во градот, депонијата во Шуто Оризари, која е еден од главните загадувачи на градот.

Арсовска исто така додаде дека ќе преземе мерки за депонијата во Шуто Оризари.

Депонијата во Шуто Оризари често пати се пали. Иако ова место е само неколку минути далеку од Скопје, градоначалничката не слушнала за него. Претходно и поранешниот градоначалник Шилегов вети дека ќе ја исчисти таа депонија, но таа се уште не е исчистена.