Повлекувањето на Преспанското езеро добива алармантни размери. Туризмот трпи големи штети поради намалувањето на нивото на водата а концесионерите и угостителите секоја година гледаат како езерото исчезнува пред нивни очи. Според последните податоци, нивото на водата е намалено за 250-260 цм во 2020, а оваа година за 330 цм. Според археологот Сашо Кироски, брегот на Преспанското езеро е намален за вкупно 3,5 км.
А сето ова е последица на негрижата во последните 50 години за Преспанското езеро вели Кироски. Најголем проблем според него е опасноста за растителниот и животинскиот свет во езерото. За намалувањето на нивото на водата вели дека има повеќе фактори меѓу кои и Албанија и Грција.
Во деталната анализа за нивото на водата на Преспанското езеро,вели дека измените на нивото на водата се резултат и од водните наноси од реките и подземните води, количеството на врнежи, степенот на испарување на езерото и користењето на водата за наводнување. Три од четири фактори кои се клучни се поврзани со влијанието на климатските промени, како во делот на покачувањето на просечните температури на воздухот, како и во делот на измената на природата на дождовите во текот на изминатите години.
