Уште еден возбудлив ден на Светското првенство е пред нас, со возбудувања и борба за првите бодови.
Фудбалскиот „маратон“ од пет натпревари до утре почнува во 21:00 часот со мечот помеѓу Катар и Швајцарија, додека дербито во групата Ц помеѓу Бразил и Мароко е закажан за полноќ.
Потоа во 03:00 часот играат Хаити и Шкотска, а во шест часот ќе се будиме со дуелот помеѓу Австралија и Турција. Утре продолжуваат возбудувањата со дуелот помеѓу Германија и Курасао (19:00 часот), додека вечерта се затвора со мечот помеѓу Холандија и Јапонија кој стартува во 22:00 часот.
Од сите натпревари се издвојува дуелот помеѓу Бразил и Мароко. Бразил е секогаш фаворит на Мундијалите, додека Мароко имаше импресивен настап на последниот Мундијал, и дојде до полуфиналето, на крајот освојувајќи го четвртото место.
