Пресврт на повидок: САД се повлекува од мировните преговори меѓу Украина и Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Соединетите американски држави нема да посредуваат повеќе во мировните преговори помеѓу Украина и Русија откако рускиот претседател Владимир Путин одби да се согласи на прекин на огнот, објави американскиот Стејт Департмент.

Од таму соопштија дека ја менуваат методологијата на својот придонес во преговорите, и дека повеќе „нема да летаат“ на состаноци.

„Ние остануваме посветени во помагањето и ќе направиме се што можеме. Но, она што се промени е тоа дека нема да одиме околу светот кога некој ќе не повика за да посредуваме на состаноци. Сега е тоа прашање меѓу двете страни, и време е тие да презентираат и да развијат конкретни идеи како ќе заврши овој конфликт. Сега топката е кај нив“, рече портпаролката на Стејт Департментот.