Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата (над 20л/м2).
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе
преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд.
