Претрес во Скопје, приведен дилер, пронајдена дрога

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 17.09.2021 во 22.00 часот на ул.„Иван Хаџиниколов“, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(30) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, таблети екстази, семки од растението канабис и две дигитални ваги.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.