Претреси во Арaчиново, Mојанце и Скопје – осомничени 6 лица по кражбата на марихуана од Јосифово, Валандовско

НАЈНОВИ ВЕСТИ

МВР вечерва на прес конференција соопшти детали за акцијата која се спроведе вчера и денеска во неколку села и градот Скопје, а по украдената обработена дрога од форма во село Јосифово, Валандовско.

„Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство во текот на вчерашниот и денешниот ден презема низа мерки и активности со цел расчистување на кривичното дело разбојништво извршено меѓу 3-ти и 4-ти декември во склад на фирма во Јосифово, Валандовско. При што одземени се близу два тони марихуана. Веднаш по добивањето на пријавата преземени се веднаш мерки и активности. Извршени се претреси во Арачиново во Војанци, Скопје и други локации. Пронајдена е дел од дрогата како и други предмети поврзани со кривиното дело, а приведени се дел од осомничените. Досега имаме 6 осомничени лица, за кои што имаме обезбедено докази, но истрагата се проширува“, велат од Министерството за внатрешни работи.