Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) во Република Северна Македонија Мунир Колашинац и претседателот на Бошњачкиот национален сојуз (БНС) Џевад Хот, во текот на посетата на Република Турција за поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во пресрет на вториот круг од претседателските избори што треба да се одржат на 28 мај, во Истанбул присуствуваа на Големата балканска средба. Свое обраќање на настанот имаше и турскиот претседател и претседател на Партијата на правдата и развојот, господин Реџеп Таип Ердоган.
Претседателот Ердоган на претседателот на БДС, Мунир Колашинац, му врачи плакета со мотиви на истанбулската Голема џамија Ајасофија, која е една од најубавите џамии во светот, посетувана од десетици милиони туристи во текот на една сезона.
На собирот во Истанбул присуствуваа и бројни бошњачки претставници од земјите од Балканот, каде е потврдено традиционалното братство на бошњачкиот и турскиот народ.
