Претседателот на Бугарија Румен Радев во самоизолација, сопругата му е позитивна на Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Бугарија Румен Радев се наоѓа во самоизолација, бидејќи неговата сопруга Десислава Радева е позитивно тестирана за коронавирус, соопшти Претседателството на Бугарија.

Се наоѓа во добра општа состојба. Претседателот е во добра здравствена состојба и неговиот тест за коронавирус денеска беше негативен.

Претседателот ги откажа состаноците закажани за следните неколку дена.