Претседателот на Хрватска се вакцинираше против коронавирусот (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска јавно се вакцинираше против коронавирусот.

Покрај него, вакциниран е и началникот на Генералштабот на вооружените сили, Роберт Храњ.

Откако се вакцинираше се обрати кон јавноста и им порача на граѓаните да се вакцинираат.

„Ги повикувам сите што сакаат, но и оние кои не сакаат да се вакцинираат, и тоа секако помага. Мислам дека во овој момент кога има повеќе вакцини од оние кои се подготвени да вакцинираат, ќе има пресврт. Тоа е подобро, не помалку лошо. Тоа е сè што можам да кажам. Луѓето се вакцинираат, подобро е отколку да се разболат“, посочи Милановиќ.