Претседателот на Литванија: Мора да бидеме подготвени да испратиме војници во Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека земјите од „коалицијата на добронамерните“ – воени сојузници кои ја поддржуваат Украина – мора да бидат подготвени да распоредат трупи во Украина, објави литванскиот јавен радиодифузен сервис ЛРТ.

Науседа учествуваше на состанок на 31 земја што ја поддржува Украина, што се одржа вчера преку интернет, посветен на дискусија за претстојната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска.

„Мораме да бидеме подготвени да распоредиме војници за да ја обезбедиме безбедноста во Украина“, рече литванскиот претседател.

Науседа изјави дека Литванија е подготвена да стави на располагање војници и воени центри за обука на сојузничките сили.

Тој, исто така, истакна дека прашањето за мирот во Украина не може да се реши без Киев и нагласи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски мора да учествува на идните состаноци посветени на мирно решение.

Покрај тоа, Науседа рече дека Киев не смее да биде принуден да се откаже од територија.