Претседателот на Малдиви постави рекорд – зборуваше 15 часа на прес-конференција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Малдиви, Мохамед Муизу одржа речиси 15 часа прес-конферениција, и со тоа го собори рекордот на украинскиот претседател Володомир Зеленски во најдолга прес-конференција.

Муизу ја почна средбата со новинарите во 10 часот наутро (7 часот наутро по македонско време) и траеше 14 часа и 54 минути. Беше прекинувана со кратки паузи.

„Прес-конференцијата траеше до полноќ, нов светски рекорд за претседател“, се вели во тектстот објавен од неговата канцеларија.

Околу 20 новинари присуствуваа на овој говор, а во текот на зборувањето им беше послужувана и храна и пијалоци.

Во октомври 2019 година, украинскиот претседател Зеленски одржа прес-конференција која траеше 14 часа, подобрувајќи го рекордот на Лукашенко, чие обраќање до новинарите траеше седум часа.