Претседателот на Секцијата на Млади при Македонскиот полициски синдикат, Ќерими испрати честитка по повод Меѓународниот ден на младите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Секцијата на Млади при Македонскиот полициски синдикат, Бењамин Ќерими испрати честитка по повод 12-ти август – Меѓународниот ден на младите.

Тој вели дека му претставува особена чест да во името на раководството на Секцијата на Млади при Македонскиот полициски синдикат и во мое лично име Ви го честитам 12’ти август Меѓународниот ден на младите.

„Ви благодарам за Вашиот ангажман, несебичното залагање и посветеност за решавање на проблемите и сите останати прашања кои не тиштат нас членовите на Секцијата на млади при Македонскиот полициски синдикат, особено во изминативе месеци каде се соочуваме со пандемијата со вирусот “Ковид 19”. Чест и гордост, но и обврска е да се биде претседател односно прв меѓу еднаквите млади членови на синдикатот, кој за жал е еден од ретките синдикати во земјава кои ги отворија ширум вратите за своите млади членови преку Секцијата на млади, синдикат во кој ние преставниците на младите сме активни членови во највисоките органи и тела на синдикатиот каде рано до рамо со возрасните, рамноправно учествуваме и ги носиме сите важни одлуки на полето за подобрување на економско социјалниот статус и правата од работен однос на вработените во МВР, АР,АНБ и УФП“, пишува Ќерими.

Ќерими ги повика и останите млади и им порача и во иднина интезивно да продолжат со нивните активности, да бидат проактивни со нивните барања, предлози и заклучоци, и да тежнеат кон нивно исполнување зашто само младите знаат што е најдобро за нив.

„Истовремено очекувам да бидете коректори и гласни критичари на нашата работа, будна авангарда и предводници на младите членови на Македонскиот полициски синдикат. Честит нека е Меѓународниот ден на младите“, се вели во честитката на Претседателот на Секцијата на Млади при Македонскиот полициски синдикат, Бењамин Ќерими по повод Меѓународниот ден на младите !