По повод 32 години независност на РСМ, за 8 Септември, претседателот на државата Стево Пендаровски го честиташе денот со невообичаени честитки, велејќи дека систематските потфрлања ја уништиле довербата на граѓаните во институциите.
Премиерот Димитар Ковачевски рече дека 8 Септември е повик со носење слободни одлуки како демократска обврска за подобар живот.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери честитајќи го денот на независноста упати апел до сите, да бидат одговорни за подобра иднина.
Денот на независноста на Северна Македонија е неработен ден за сите граѓани на земјава.
