Фудбалската репрезентација на Србија испадна од Европското првенство 2024 во Германија, а претседателот на земјата Алексаднар Вучиќ бил многу лут што националниот тим на пат кон Германија бил испратен со хрватски авион.
Тој дури и се качи во авионот да ги испрати играчите, но во тој момент никој ништо не откри.
Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ признала дека Вучиќ многу се налутил за тоа што играчите биле испратени во хрватски авион.
„Тоа е точно. Тоа е вистинска приказна. Претседателот Вучиќ беше очаен поради тоа, исто така крајно лут. Срамота е, срамота е. Секако, очекувам да се откријат одговорните за ова и да се види зошто тоа се случи. Имаме своја Ер Србија, сите ние секогаш патуваме со Ер Србија, знам дека кога претседателот Вучиќ патува на долги патувања, како во Кина, дека секогаш лета со Ер Србија и дека Ер Србија секогаш се гледа кога слетува некаде, бидејќи тоа е нашата гордост. Не знам зошто ова се случи, но знам дека се случи и знам дека не се зборуваше за да не ја префрлиме темата и фокусот од навивањето за репрезентацијата. Треба да се утврди како се случило – изјави Ана Брнабиќ
