Превала-Кадриу и се придружи на Огнената група – АА: 100 доаѓаат кај нас, 1 оди на друго место

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Роланда Превала Кадриу ја напушти АА за да и се придружи на каузата на Огнената група. Според информациите од АА, станува збор за членка на Централното собрание која пред само еден месец и се приклучила на партијата.

Од АА не сакаа да го коментираат нејзиното заминување, само накратко одговорија:

„Секоја индивидуа има право и сноси одговорност за своите постапки. Нормално е кога 1оо доаѓаат кај нас, 1 да замине на друго место“, вели Алијанса за Албанците.

Заминувањето на Превала Кадриу од АА во Огнената група го соопшти потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити.

Главното барање на Огнената група е заминување на Груби  од извршната власт, поради, како што велат, слабиот перформанс во реализација на проектите ветени од ДУИ. Но таквото барање постојано го одбива лидерот на партијата, Али Ахмети.

Груби во едно појавување пред граѓаните во Чаир рече дека барањата на Огнената група не се објективни.

„Велат тргни го Абдулселам, постави го Иљми. Тргни го Ардијан, постави го Рами. Тргни го Артан, постави го Бујар итн. Оваа дебата вас не ве интересира“, вели Артан Груби.

Бидејќи беа против вклучувањето на АА во Владата, Огнената група не гласаше за реконструкција на владата, ниту за новите министри и заменици министри.