Преживеал маларија, денга, коронавирус, а сега го каснала кобра

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Британски хуманитарен работник во Индија, останал слеп и парализиран откако го каснала отворната змија кобра. Јан Џонс го каснала змијата во близина на едно село во Џодпур во Раџастан.

Неговата фамилија кажала дека се ислашиле поради неговата ситуација, и се надеваат дека тоа што не гледа и што е парализиран е само привремена состојба.

Неговиот син рекол дека Џонс во текот на својот престој во Индија боледувал од маларија, денга грозница и коронавирус.

Тој поранешен здравствен работник, води хуманитарна организација чија цел е да помогнат на луѓе да се спасат од сиромаштија.

Клар Робертсон, сопственик на организацијата рекол дека Јан привремено живеел во складиште за да биде блиску до луѓето кои бараат помош.

„Бил во делот на складиште, и кучето кое било со него почнало да лае. Тој ја пружил раката да го смири кучето, по што кобрата два пати го гризнала“, рече Робертсон.