Преживеаните се во стабилна состојба – 6 пациенти се на пластична хирургија, еден на трауматологија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Седуммината патници кои ја преживеаја страшната автобуска несреќа се во стабилна состојба и вон животна опасност. Сите пациенти се оперирани, а еден од повредените е во тежок психолошки шок, известија утрово лекарите од болницата „Пирогов“ во Софија.

„Шестмина од нив се на Клиниката за пластична хирургија, а еден на Трауматологија. Сите се во стабилна состојба. Укажана им е психолошка помош, а синоќа беа направени и успешни оперативни интервенции. Двајца од нив треба да се оперираат денеска, едниот има длабоки изгореници на двете раце и треба да се оперира. На една девојка исто така треба да ѝ биде извршена операција на десното колено, но тоа е извршена операција“, истакна Маја Аргирова.

Директорката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија, д-р. Маја Аргирова потврди дека шест пациенти се сместени на Клиниката за изгореници и пластична хирургија, а еден се наоѓа на Клиниката за трауматологија. Уверува дека лекарите од болницата се во постојана комуникација со нивните колеги од Македонија. Согласно здравствената состојба, дел од пациентите се очекува да бидат пуштени од болница в петок. Најмладата пациентка, 16-годишно девојче, е во добра здравствена состојба, изјави д-р Аргирова.

„Најверојатно ќе бидат испуштени од болница до крајот на неделава или почеток на следната, согласно можностите за тоа. 16-годишното девојче е добро и со неа работат психолози“, истакна Маја Аргирова.

Министерот Османи кој ги посети преживеаните, препорача да бидат префрлени на скопските клиники, но лекарите советуваат да останат во болницата во која се третираат во моментов.