Пријавени 19 починати лица од коронавирус, шест од нив во месеците ноември-декември

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.549 тестирања, а регистрирани се 415 нови случаи на ковид-19.

Пријавени се вкупно 19 починати лица.

Пријавени се шест пациенти кои починале во тек на месеците ноември-декември.

  • 11 лица од Скопје (69г, 75г, 80г, 65г, 66г, 61г, 67г,72г, 76г, 71г и 68г)
  • Две лица од Тетово (79г и 65г)
  • Еден пациент од Куманово (50г)
  • Еден пациент од Прилеп (78г)
  • Еден пациент од Велес (77г)
  • Еден пациент од Охрид (87г)
  • Еден пациент од Кичево (51г)
  • Еден пациент од Гевгелија (69г)

Од пријавените смртни случаи 18 се починати во болнички услови и еден во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525.