ПРИЛЕП: „Лада“ управувана од малолетник излетала од патот – повредените итно префрлени на скопските клиники

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 11.01.2021 во Одделението за внатрешни работи Прилеп ,  Е.М од Прилеп пријави дека неговиот 14-годишен брат се здобил со тешки телесни повреди при сообраќајна незгода на патот кон рудникот Сивец. Истиот бил сопатник во патничко возило марка “Лада” без регистарски ознаки управувана од малолетно лице кое излетало од патот. Сопатникот бил однесен на скопските клиники. Од страна на Полициски службеници излезено е на лице место и извршен е увид.