Примаат сочувство, за телата сè уште ништо не се знае – Професорот раскажува за студентката: Беше меѓу најистакните

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пречекуваат луѓе за сочувство, но семејството Халити од Пирок, Боговиње се уште не знае кога ќе бидат донесени телата од Бугарија. Ова семејство загуби двајца членови во сообраќајната несреќа на автобусот на Беса Транс.

„Има многу малку информации и симболични бидејќи од МНР ја известија полицијата и полицијата официјално нас не извести дека се починати, и е побарана ДНК од нашите роднини. Ние дадовме дел, сега треба и децата утре наутро да ја завршат таа обврска.   Поточни информации не  даваат иако се обидовме да дознаеме повеќе за тоа кога ќе бидат донесени, како ќе ги донесат, тие велат дека ќе трае три до четири дена додека се комплетираат документите“.

Од ова населба планирале да патуваат повеќе лица, но во последен момент поради семејни причини го откажале патувањето.

„Планираа да одат 7-8 жени, неколку од нив го откажаа патувањето поради семејни причини. Тие двете одлучија да одат и така било пишано, некој да се спаси“.

Животот во несреќата го загуби и 23 годишното девојче, Албина Бељули. Од нејзиното семејство не сакаа да дадат изјава но зборуваше нејзиниот професор Ќебир Авзиу.

„Јас како професор имав прилика да и предавам на студентката Албина Белули, која во првиот циклус беше една од најдобрите студенти со многу добар резултат. Таа имаше просечна оценка од 9,88 во првиот циклус, а во вториот 10,00“, посочи Ќебир Авзиу.

Тв21 во текот на денешниот ден ги посети и блиските на другите жртви, но повеќето не сакаа да коментираат. Во трагичната несреќа во Бугарија починаа 6 тетовци.