Принцезата Јуџини од Јорк и нејзиниот сопруг Џек Бруксбенк се вселија во домот каде што живееја принцот Хари и Меган Маркл додека беа во Велика Британија.
Според неофицијални извори, како што пренесуваат американските медиуми, Хари и Меган се почестени што можат да им посакаат добредојде во домот каде што братучетката на принцот ќе основа свое семејство.
Официјално, кралското семејство сè уште нема коментар.
Принцезата Јуџини е внука на британската кралица, т.е. најмлада ќерка на принцот Ендрју и осма во редот на престолонаследниците.
