Меѓу првите прашања кои ќе се разгледат на првата владина седница ќе бидат казината и игрите на среќа, најави првиот вицепремиер Изет Меџити во Дејли Клик. Додаде дека за нивната конечна судбина ќе изветат кога ќе има конретен епилог.
Изет Меџити: „На првиот состанок, разгледување на процесот на реизбор посебно на онлајн казината и нивното присуство во секоја населба“.
Каков е планот? Која ќе биде судбината на игрите на среќа? Прво треба да знаеме за овие кои не се онлајн туку имаат нивни објекти. Дали сите ќе бидат затворени, дали ќе бидат отстранети од градовите? Која е вашата визија?
„Тоа што можам да го кажам денеска е самиот факт што во разговори прашањето не сме го земале како управа, туку на првата владина седница ќе биде првата тема која ќе ја покренеме и ќе бараме разгледување и решение, тоа е доволно дека сме посветени на овој правец“.
Друго прашање за кое се разговараше во Дајли Клик беа и слободните економски зони. Меџити рече дека многу малку е направено во економските зони во Тетово, Кичево и Струга, а изјави дека над еден милијарда евра се инвестирани во економските зони во источниот дел на земјата.
„Едно од прашањата кое ќе го поставиме во првите денови е да ја зачуваме економската зона Визбегово, а потоа таа зона да се третира како другите зони во оваа земја. Тоа ќе биде наша секојдневна заложба во функција на економските инвестициски зони во овие зони, да им помогнеме, бидејќи со помошта ќе има повеќе работни места, поголем развој и една причина помалку за егзодус“, вели Изет Меџити.
Инаку, и слободните економски зони и коцкањето беа дел од главните ветувања на коалицијата ВРЕДИ за време на изборната кампања. ВРЕДИ во својата програма има предвидено и слободни прекугранични економски зони со Албанија, Косово и Србија. Што се однесува до коцкањето, тие најавија целосно затворање на казината и брзи кредити. За брзите кредити дури најавија и бришење на долговите на сите граѓани што ги имаат кон банките за брзи кредити.
