Пристигнаа 3 000 вакцини „Спутник В“, први ќе се вакцинираат постарите граѓани со хронични болници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

3.000 дози вакцините од типот „Суптник В“ од Русија,авион на ЕР Србија дојдоа во земјава. Вакцината е замрзнат раствор и треба да се чува на -18 степени, ќе биде сместена во Поликлиниката „Јане Сандански“ , во посебни фрижидери. Вакцинацијата ќе почне во среда, отткако Агенцијата за лекови ќе ги заврши сите формално правни докумнети , околу нејзино регистрирање. Први ќе се вакцинираат постарите со хронични болести, а ќе бидат известени преку своите матични лекари и повикани на пунктови. Во старечките домови, вакцинирањето ќе се спроведе во самите домови.

-Ова е прва пратка од три илјади дози на руската вакцина. Сакам да исакжам благодарност до амбасадорот Баздникин. Овие слободни денови ќе ја продолжиме комуникацијата со цел да се организираме со набавување на следните количини. Станува збор за вакцини кои се разлини во делот на вакцинација и ревакцинација. Продолжува процесот на имунизација на здравствените работници, а потоа и на граѓани. Продолжуваме со националниот план за имунизација, први ќе бидат постарите граѓани со хронични болести-изјави Филипче.

Рускиот Амбасадор Сергеј Баздникин изрази подготвеност за помош на граѓаните на Северна Македонија. Потсети на соработката со Владата и најави проширување на нови области за соработка.

-Ова е првата регистрирана вакцина во светот. Вакцината е безбедна и ефикасна, и сега станува со право светски бестселер. Сега е во тек забрзана постапка во европската агенција да ја испитува вакцината. Во СЗО се разгледува барањето за Спутник В да се вклучи во листата на лекови одобрени од нивна страна-рече Баздникин.

Според Филипче, од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште не е точно потврдено кога.