Притвор за тик-ток анестезиологот од Тетово, му се заканува затворска казна и до 5 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Анестезиологот од Тетово кој емитуваше во живо на социјалната мрежа Тик-Ток од гинекологија Тетово доби 8 дена притвор, а против него се покренати 2 обвиненија, велат од СВР Тетово.

„Судија на претходна постапка при Основен суд Тетово на лицето В.Д.(43) од Одри, Тетово му одреди мерка притвор во траење од 8 дена и истиот ќе биде испратен на издржување притвор во Затвор Скопје. Тој е осомничен за „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“, велат од СВР Тетово.

Поранешниот судија Сејфула Османи вели дека крајно време е и лекарите да реагираат бидејќи еден лекар треба да ја чува приватноста на пациентите, а во овој случај е тотално спротивен.

„Законските одредби се основаат на тоа дека лекарот треба да ја чува приватноста на пациентот. Овде за жал го имаме спротивното. Еден лекар објавува слики кои и да ги види некој друг треба да преземе мерки за санкционирање. Мислам дека е крајно време и лекарите да го кренат гласот без разлика на тоа постои кривична постапка од органите на обвинителството и полицијата. Пред се мора да реагираат и лекарите, на нашето општество не и требаат вакви лекари, овие лекари само ја оцрнуваат и девалвираат лекарската професија“, рече Османи.

Врз основа на обвинението покренато од Обвинителството, анестезиологот може да добие казна затвор од 3 месеци до 5 години. Поранешниот судија Османи вели дека одземањето на лиценца би била соодветна казна.

„Независно од тоа, јас првично би го санкционирал со одземање на дозволата за работа, лекарската лиценца и јавно ја повикувам лекарската асоцијација да му ја одземе лиценцата поради тоа што овој човек не заслужува никогаш во животот да се бави со медицина и третман на пациенти бидејќи ги прекршил и основните принципи на медицината и основните професионални човекови принципи“, вели Османи.

На 13 април, анестезиологот В.Д. (43), вработен во клиничката болница Тетово, одделот за гинекологија, околу 10:30 часот влезе во живо на Тик Ток. По пријавување на случајот, лицето беше приведен, а исто така е отпуштен од работа.