По четиридневниот штрајк, приватните специјализанти одлучија во понеделник да протестираат пред Министерството за здравство, бидејќи, како што велат, министерот Илир Демири не ги слушнал нивните барања.
Др. Христина Илиоска Чешлароска, специјализант трета годинана Интерна медицина, вели дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти да не подлегнат на притисоците од клиниките и да бидат упорни во нивната битка.
Денеска е четврти ден откако околу 400 приватни специјализанти се не штрајк и не се на своите работни места. Тие се револтирани поради немањето пензиско и здравствено осигурување и бараат покачување на месечните примања кои сега достигнуваат 26 илјади денари, односно истите да бидат на ниво на просечната плата на лекарите во јавните здравствени институции ако и решавање на нивниот статус како невработени лица.
