Приведен 24-годишниот скопјанец кој сквернавел гробови во Бутел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера попладнет на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(24) од Скопје кој сквернавел гробови на градските гробишта во Бутел.

„На 12.06.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, вработен во Градските гробишта Бутел пријави дека го забележал К.К. како со метален предмет оштетил 11 гробни места и побегнал од местото. По преземени мерки тој е пронајден и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.