Приведен гостиварец – не ги почитувал препораките на Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска (16 март) околу 13 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 51-годишниот гостиварец А.А., сопственик на угостителски објект во Гостивар,  поради тоа што во неговиот угостителски објект на улица „Гоце Делчев“, кој бил отворен спротивно на владината одлука и препораките за справување со „корона вирусот“, неколку лица во внатрешноста на објектот користеле услуги, односно биле послужени со храна.

А.А. задржан е во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира до граѓаните целосно и безусловно да ги почитуваат и да се придржуваат на владините одлуки, препораки и совети и укажува дека секое нивно непочитување адекватно ќе биде санкционирано согласно важечката законска регулатива.