На 07.06.2026 во 11:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Е.Ф.(32) од Гостивар. Тој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, соопштија од МВР.
Лицето било спроведено во КПУ Затвор Тетово за издржување на затворската казна.
