Приведен криумчар на мигранти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Полициски службеници рано изутрината во 02.40 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип,  го привеле А.Г.(31) од Скопје затоа што во возило комбе „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, превезувал 26 лица – мигранти од Сирија, Пакистан, Египет и Индија.

Откако било запрено возило од полициски службеници, возачот и мигрантите избегале, но набргу по преземени мерки биле пронајдени и приведени. Возачот бил задржан во полициска станица, а мигрантите предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.