Полициски службеници на СВР Тетово, врз основа на судска наредба, вчера околу 19.00 часот, го привеле Б.И.(60) од Тетово за издржување затворска казна од една година и еден месец за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“, согласно член 396 од Кривичниот законик.
Како што соопшти МВР, по приведувањето, Б.И. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.
