Приведен во Гостиварско, му нашле 116 грама хашиш во дворот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба од Основен суд Гостивар, вчера извршиле претрес во објект на С.Б. (63) во с. Здуње, Гостиварско, информираат од МВР.

„При претресот, во дворот е пронајдена кеса со околу 116 грама хашиш. С.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението.