Вчера во 18:15 часот на патот Гостивар–Тетово, на клучката кај с.Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Б.С.(32) од с.Глумово, скопско.
При контрола на патниот сообраќај и мерење со радар, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки, било констатирано дека го управувал возилото со брзина од 168 километри на час на место каде што дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час.
Б.С. задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
