Приведен возачот на косовскиот автобусот, признал дека задремал зад воланот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Возачот на косовскиот автобус кој се преврте утрово кај Славонски Брод, е приведен. Тој на полицијата признал дека задремал зад воланот.

Обвинителството коснтатирал дека автобусот патувал од Франкфурт кон Приштина, излетал на јужната страна од коловозот.

„Возачот на автобусот е затечен на лице место и е приведен. Се собираат докази врз основа на кои ќе му биде поднесена кривична пријава“, велат од обвинителството.

Неофицијално, тој го презел управувањето на граничниот премин Брегана, каде што се заменил со својот колега. Еден возач и девет патници загинаа во несреќата, додека осум се во тешка состојба.