Приведени 13 лица на две домашни забави во Скопје, не ги почитувале мерките за заштита од Kовид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сеизмолошката опсерваторија со детали за земјотресот кај Маврово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Земјотрес вечерва во Македонија, епицентар кај Маврово – „Кратко, ама јако“

Земјотрес со јачина од 2,9 степени по рихтер вечерва во 22 часот и 43 минути е регистриран на територија...

Милевски не сака широка Влада: „Ако си се сакаат, нека си се земат – ЛДП на таква свадба нема да присуствува“

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски се огласи по повод најавата за можна широка влада која ја најави Зоран Заев...

Вучиќ: Покрај вакцини, набавуваме и лек против коронавирус кој чини многу скапо

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, денеска изјави дека земјата набавува и два лека кои помагаат од лечењето од коронавирус....

Камион полн со марихуана запленет на ГП „Богородица“

Полицијата вечерва на граничниот премин „Богородица“ заплени камион полн со марихуана, информираат од МВР за МИА. Сител пренесува дека биле...

Полицијата приведе 13 лица на две домашни забави во Скопје поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19.

-Рано изутрината во 02.45 часот, по претходно добиени сознанија дека во стан на ул.„Рајко Жинзифов“ во Скопје има гласна музика и не се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, извршиле контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје. Во станот бил затекнат сопственикот и К.Д.(33), Ф.Т(25), С.С.(27), Е.Ј.(26), Е.Р.(35), Р.М.(29), Т.Т.(26), соопшти Министерството за внатрешни работи.Во истиот период, во координација со јавен обвинител, од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и Интервентната полиција, во стан на ул.„Елисие Поповски Марко“ биле  затекнати пет лица кои правеле забава, и тоа К.З.(20), Б.Л.(20), Р.А.(20), С.К.(21), сите од Скопје и В.П.(20) од Битола.Сите 13 лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот  законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.