Приведени двајца турски државјани сред Скопје, кај нив пронајдени куршуми

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска (01.06.2025) во 16.20  часот на бул. “Борис Трајковски” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода двајца турски државјани. Кај О.Ф.Т.(23) е пронајдена марихуана, а кај А.Ј.Б. (20) се пронајдени 19 куршуми пиштолска муниција калибар 7.62 мм.. 

По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.