Приведени две лица од Скопје поради првата група „Јавна соба“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на вчерашниот ден биле приведени две лица.

На 04.02.2021 од страна на полициски службеници од СВР Скопје, Единица за економски и компјутерски криминал, по оформен предмет минатата година во ОЈО Скопје во врска со лица поврзани со групата „Јавна соба“, и издадени наредби во текот на вчерашниот ден од надлежен јавен обвинител, лишени се од слобода М.П.(21) од Скопје и Д.К.(32) од Скопје заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело,, „производство и дистрибуција на детска порнографија” по чл.193-а од Кривичниот законик.

М.П. и Д.К. како креатор и администратор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм ги сториле делата во периодот од 19.12.2019 до 28.01.2020.

Во овој случај, МВР, како и до сега, постапи по барање на надлежен јавен обвинител и лицата се предадени на ОЈО за натамошна постапка.