Приведени малолетник и 20-годишник поради тоа што краделе од манастир во Гостиварско

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи лиши од слобода две лица, од кои еден малолетник поради кражба на пари од манастир во Гостиварско.

„На 14.06.2026 во 13:45 часот во Гостивар, полициски службеници ги лишиле од слобода 15-годишник од с.Дебреше и Ф.Џ.(20) од Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „Кражба“. Претходно, во ОВР Гостивар, Д.Ц.(44) од Гостивар пријавил дека околу 13:30 часот лицата биле затекнати во манастирот „Преображение Христово“ како одземаат пари оставени на иконите, по што ги вратиле парите. Според пријавеното, двајцата на безбедносни камери биле забележани дека и на 30.05.2026 извршиле слична кражба. Тие биле задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, стои во објавата на МВР.