Приведено лице поради подметнување пожар во прилепско

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово (06.08.2021) околу 06.15 часот во м.в.Дабница, прилепско, во близина на споменикот, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп лишен од слобода е М.Е. (34) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар на место викано Дабница. Пожарот утрово е локализиран од страна на  противпожарната единица од Прилеп.

М.Е. е задржан во полициска станица и против него ќе следи кривична пријава до ОЈО Прилеп.